ВМФЛ-ИСТОК: Кузманов со Слога на мегдан против “својот“ Кит Го!

208

 

 

И во ВМФЛ – ИСТОК денеска се играат сите мечеви од 7.коло во тековната сезона. Најинтересно се очекува да биде во Пехчево, каде на гости доаѓа Никола Кузманов со својата Слога Виница. Тој  посакува победа над својот некогашен тим Кит Го каде беше директор пред три години. Кузманов ќе ги одмери силите против Трајче Сенев, со кого заедно беа во пехчевскиот клуб и се едни од најзаслужните за тоа што Кит Го е сега. Сепак Слога Виница денеска во Пехчево ќе оди на победа.

Во останатите мечеви се среќаваа Победа и Братство, се разбира дека прилепчани се пред освојување на трите бода. Детонит го дочекува ТИМ Локомитива, а во Струмица на Комплексот “Горан Пандев“, Беласица го пречекува Осогово. И во Гевгелија, лидерот Каменица Саса му гостува на составот на Кожуф.

 

ДВОЈКИ ЗА 7.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

ПОБЕДА – БРАТСТВО

ДЕТОНИТ – ТИМ ЛОКОМОТИВА

БЕЛАСИЦА – ОСОГОВО

КИТ ГО – СЛОГА(В)

КОЖУФ – КАМЕНИЦА САСА

 

ТАБЕЛА

1.КАМЕНИЦА САСА 16

2.ПОБЕДА 13

3.СЛОГА (В) 13

4.БЕЛАСИЦА 11

5.КИТ ГО 9

6.КОЖУФ 7

7.ОСОГОВО 7

8.ДЕТОНИТ 4

9.ТИМ ЛОКОМОТИВА 4

10.БРАТСТВО 1

ПретходноВМФЛ-ЗАПАД: Силекс нема намера да запре, Воска против Кадино, Вардар го дочекува “фенерџијата“
СледноТФТ и Работнички по „хет-трик“, „штркчињата“ ќе чекаат шанса за сензација