Костадинов стрелец за Ружомберок!

289

Убаво голгетерско попладне на нашите интернационалци ширум Европа. По Иван Тричковски (Кипар), Дарко Велковски (Хрватска), Никола Серафимов (Унгарија) и Тихомир Костадинов се запиша во листата на стрелците за својот тим и тоа во шампионатот на Словачка. Македонскиот репрезентативец стрелаше за својот Ружомберок на гостувањето кај Похроние. Инаку овој меч заврши со конечни 2:2, а Македонецот погоди во 39.минута кога го израмни резултатот на 1:1, учествуваше и при вториот гол за својот тим кога беше во улогата на асистент. Ова беше гол првенец на Костадинов во текивниот шампионат.

Да кажеме дека по ова 10.коло во елитната лига на Словачка, Ружомберок се наоѓа на третата позиција на табелата.

ПретходноАплаузите за Ангели, победата за Работнички: Најтрофејниот се врати од минус 21 (ФОТО)
СледноТиквеш го најде лекот за залетаниот Е.Пелистер 2