Попладнево од 14 часот се играат пет мечеви од 10.коло во ПМФЛ. Вчера Скопје сензационално го победи Работнички среде Арената со 1:0. И денеска се очекуваат возбудливи и интересни натпревари.
Секако дека во Кавадарци ќе биде „жешко“. Фудбалско Кавадарци е на нозе, гостува лидерот, тимот на Шкупи. Ќе го проследиме и тренерскиот дуел меѓу Влатко Костов и Гоце Седлоски. Бодовите и на двете екипи се повеќе од потребни, посебно за Тиквеш.
Дербито со игра во Струмица, Шкендија му гостува на А. Пандев, а играчот за врска на тетовци Бруно Дита, во пресрет на денешниот дуел изјави:
“Како и на секој натпревар,така и на овој влегуваме со намера да победиме. Без разлика дали играме дома или на гости, ние играме за да ги освоиме трите бода. Добро ја искористивме паузата, сметам дека со победа ќе се вратиме од Струмица“ вели Дита.
Инаку на овој меч тетовци нема да можат да сметаат на Јан Кривак поради суспензија.
“ГИПСАРИТЕ“ ГО ДОЧЕКУВААТ ПЕЛИСТЕР
Ренова под водство на стратегот Ќатип Османи игра одлично оваа есен, барем досега. Секако дека денеска под Шара составот на Ренова посакува победа и очекува победа над Пелистер.Тимот кој досега е единствен кој нема победа во изминатите девет кола е и се наоѓа на последното место на табелата.
Струга ТЛ дома игра со Борец и со триумф посакува враќање на победничките патеки. Додека во Штип, тимот на Брегалница ги дочекува “лавовите“ кои се во очајна форма во последните 4-5 кола. Ете шанса за составот на Марјан Секуловски да дојдат до уште една победа и ги израдуваат штипските фанови.
ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)
СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ
А.ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА
ТИКВЕШ – ШКУПИ
РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВЧЕРА:
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0:1
ТАБЕЛА
1.ШКУПИ 20
2.РЕНОВА 18
3.А.ПАНДЕВ 15
4.РАБОТНИЧКИ 15
5.ШКЕНДИЈА 14
6.СТРУГА ТЛ 13
7.БРЕГАЛНИЦА 13
8.СКОПЈЕ 12
9.МАКЕДОНИЈА ЃП 10
10.БОРЕЦ 7
11.ТИКВЕШ 6
12.ПЕЛИСТЕР 4