Кој рече дека и нашиот репрезентативен стопер Никола Серафимов не знаел да дава голови. Знаел, и тоа какви голови. Па така дефанзицвецот на Залаегересег на гостувањето кај Ференцварош, меч кој е во тек, во 8.минута постигна супер – гол. По една мешаница пред домашниот гол, Македонецот од околу 11-12 метри просто ја “скина“ мрежата на голот на славниот Ференцварош.
Браво за Серафимов, ретки се вакви голови.