Циципас се посрамоти на Индијан Велс

1001

Поразот на Данил Медведев, но и отсуството на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ им го отвори патот на тенисерите на Индијан Велс да дојдат полесно до трофејот. Еден од нив беше Стефанос Циципас.

Но, грчкиот тенисер се посрамоти во битката за место во полуфиналето, беше совладан од Грузијецот Николос Басилашвили со  6:4, 2:6, 6:4. Ништо не најавуваше дека ќе се случи елиминација на Циципас, кој влезе како фаворит во оваа пресметка.

Откако го загуби првиот сет со 6-4, на голема врата се врати во вториот, беше убедлив со 2-6, но Грузијецот успеа да дојде до голема победа и да го завери местото во полуфиналето. А таму ќе игра против Тејлор Фриц, кој беше подобар од Зверев со 2-1.

Во втората полуфинална двојка на Индијан Велс ќе се сретнат, Димитров и Норис.

ПретходноБуњамин Шабани: Време е Струга ТЛ да ја прекине негативната серија!
СледноПознатиот Сенегалец завршил во багажник поради новинарите