Аплаузите за Ангели, победата за Работнички: Најтрофејниот се врати од минус 21 (ФОТО)

373

Работнички и по третпат сезонава се изнамачи за да дојде до целиот плен. Најтрофејниот кошаркарски колектив одново се провлече, одново против еден дебитант, овој пат против Ангели.

Избраниците на Тони Симиќ беа на дното, но успеаја да се издигнат и да слават со 86-69 во рамките на 3. коло, по кое остануваат непоразени.

По релативно изедначената игра во првата четвртина (17-18), гостите со серија од 11-0 поведоа со 17-29 во 12. минута, Мустафица на момент го прекина налетот, по што следеше нова низа на противникот. Ангели во 16. минута дојдоа на плус 21-42.

Работнички успеа да се разбуди, откако на одморот намали на 38-49, одигра одлично во третата четвртина ја доби со 17-4 и го превзема водството. На другата страна токму неисукуството на Ангели на крајот ги чинеше пораз.

На четири минути до крајот најтрофејниот имаше двоцифрени 71-60, позитива која ја зголеми.

Емерсон со 21 поен беше прв стрелец, Данаиловски постигна 18 поени, додека Мацура имаше дабл-дабл од 17 поени и 17 скока. Ајзеа Мандерсон од Ангели со 22 поени беше најефикасен на теренот.

На втората средба од 18 часот, Гостивар на гости кај МЗТ Скопје 2 ја оправда фаворитската улога славеше со 67-92.

ПретходноЈа „меркаат“ Европа: Лесно и е на Брегалница кога го има Алтипармаковски!
СледноКостадинов стрелец за Ружомберок!