Иако во шпанската Ла Лига веќе ги нема Лионел Меси и Кристијано Роналдо, сепак, Карим Бензема се уште верува дека „Ел Класико“ е најдобриот натпревар во светот на фудбалот. Инаку дербито помеѓу лутите ривали од Шпанија се игра на 24 октомври, а уште сега се разгорува битката.
„За мене, и без Меси, Рамос, Роналдо, сепак, е исто. Останува најдобриот натпревар што постои во фудбалот. Не се важни играчите кои се таму, кои си заминаа или ќе дојдат во иднина. Реал против Барселона е историски. Имињата се менуваат, но порано беа Зидан, Роналдињо, Роналдо, Самуел Ето. Реал Мадрид против Барселона секогаш ќе биде Реал Мадрид против Барселона“, изјави Бензема.
Барселона сезонава е непрепознатлива што е нормално после подмладувањето на екипата и голем број на нови, млади играчи и нов тренер. Сепак, Бензема вели дека воопшто не треба да се потцени составот од „Ноу Камп“.
„Никогаш нема добар момент да се игра со нив. Тим како Барселона или кој било врвен тим, може да има лоша меч, а потоа повторно да отскокне. Тоа е натпревар на кој не треба се опуштиме и покрај тоа што тие не одиграа добро досега“, додаде францускиот напаѓач.