Васоски пред дербито со Шкендија: Посакуваме А. Пандев да се врати на победничките патеки!

209

 

Дербито на 10.коло се игра во Струмица. Денеска од 14 часот на стадионот “Благој Истатов“ се среќаваат А.Пандев и Шкендија. Две квалитетни екипи, екипи кои играат атрактивен фудбал,па затоа се очекува и супер интересен меч на задоволство на фудбалските фанови.

Тренерот на “пандевци“, Александар Васоски за „Спортмедиа“ вели дека ќе играат против шампионот и дека тоа е шанса после три кола, неговата екипа да се врати на победничките патеки.

Јасно е дека не очекува навистина тежок натпревар против последниот шампион, тимот на Шкендија. Мислам дека ова е одлична шанса по трите меча во серија без победа, да се вратиме на победничките патеки. Знаеме дека ќе биде тешко, но нашите амбиции се јасни, излез во Европа, затоа на секој меч одиме на победа“ вели Васоски.

И тој како и сите во таборот на Академија Пандев имаат респект за Шкендија, но имаат и верба во своите квалитети.

“Имаме огромен респект кон Шкендија,кон нивниот тренер, сепак ќе настојуваме бодовите да останат во Струмица. Се надевам дека временските услови ќе дозволат да се одигра одличен меч. Здравствениот билтен е задоволителен, а фактот дека овој меч за првпат ќе се пренесува на ТВ Спорт Клуб е уште еден мотив за нас да дојдеме до трите бода“ заврши стратегот на струмичани.

ПретходноПознатиот Сенегалец завршил во багажник поради новинарите
СледноРоналдо не се штеди за својата љубов: Џорџина доби подарок вреден 125.000 евра