Вајли и екс-селекторот го урнаа актуелниот предводник на „националите“

156

Џејкоб Вајли со Будуќност го добија дерби дуел од 4. коло од АБА лигата против екипата на Игокеа. Некогашниот предводник на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ го совлада актуелниот предводник на „националите“, Драган Бајиќ со 81-68.

Вајли одигра нешто повеќе од десет минути за кои стигна да шутне само еднаш кон противничкиот кош. Имаше и четири скока, и свој придонес во дефанзивниот сегмент од играта во дербито по кое тимот од Подгорица сега фаќа приклучок кон врвот има ефект од три победи и еден пораз.

Игокеа пак е на четвртото место со две победи и два порази.

ПретходноТФТ демонстрираше сила во Куманово, дербито на дното за Академија ФМП
СледноФаик Весели освои бронза на БП во карате во Пореч