По очајното прво полувреме во кое гостите од Верона водеа со 2:0, Милан се врати со триумфални 45 минути во кои комплетно го сврте резултатот во своја полза и ја обезбеди седмата сезонска победа во Серија А. Оваа победа за момците на Стефано Пиоли значи пласман на врвот на табелата, со бод предност пред Наполи, кој обврската од ова коло ќе ја има утре на домашен терен против Торино.
Верона имаше полувреме од соништата на „Сан Сиро“ со головите на Капрари во 7′ и на Барак од пенал во 24′. По паузата, Милан се врати во ритам и умешно го кршеше ритамот на противникот.
Во 59′ Жиру намали на 2:1, а по силниот притисок, во 76. минута гостите го соборија Кастиљехо во својот шеснаесетник, по што Кеси реализираше од пенал за 2:2.
Победата на Милан всушност беше една катастрофанла грешка на гостинскиот дефанзивец Гинтер, кој во 78. минута постигна автогол за конечни 3:2.