Георгиевски: Срамно судење на Марјан Младеновски во Дебар!

2901

Дербито на 7.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, се играше во Дебар каде Кораби и Тетекс одиграа 3:3. Малку чудно, ако се знае „штофарите“ имаа водство од 0:2 и 1:3 и дека мечот траеше речиси 99 минути.

Во таборот на Тетекс “вријат“, огорчени се на делењето на правдата на судијата Марјан Младеновски.

Славчо Георгиевски – Тупан, тренерот на Тетекс, за “Спортмедиа“ имаше што да каже после натпреварот.

И повеќе сме од огорчени. Со благи зборови ова беше навистина срамно судење на судијата Младеновски и неговиот помошник Милошевиќ. Двапати беа судени пенали за домашниот тим. Израмнувачкиот гол беше постигнат во 98 или 99 минута. Нашиот голман заврши во болница, има уште многу да се кажува, но тоа е кога судат вакви судии како Марјан Младеновски. Уште еднаш срамно делење на правдата од негова страна“ истакна Георгиевски.

ПретходноДва прекрасни гола во Лестер – „ракета“ на Гринвуд и мајсторија на Тилеманс
СледноСупер потег: Серафимов му ја “скина“ мрежата на Ференцварош! (ВИДЕО)