Дани Алвеш: Ако и требам на Барселона, на Ноу Камп ќе играм и бесплатно

342

Очигледно загрижен за она што се случува во неговиот некогашен клуб, бразилскиот ветеран Дани Алвеш јавно изјави дека доколку и е потребен на Барселона во моментов, подготвен е да настапува на Ноу Камп и бесплатно.

Тој е најтрофејниот фудбалер на сите времиња со огромен број на освоени трофеји што клупски што репрезентативни, но во моментов тој има 38. години. Последно играше за тимот на Сао Паоло, а во Барселона мина огромен дел од својата пребогата кариера. Од 2008 до 2016 кога настапи на преку 300 мечеви.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, тој во моментов се наоѓа на одмор во Барселона, и веќе го контактирал претседателот на клубот, Жоан Лапорта на оваа тема.

 

ПретходноДибала и Мората не тренираа со екипата, под прашалник за мечот со Рома!?
СледноНенадиќ ја посвети победата на Манасков!