Ракометарките на Металург остануваат со минимални шанси за место во следната рунда од ЕХФ Европскиот куп, откако вечерва на гостувањето против Дуделанж во 2. коло од ова европско натпреварување беа убедливо совладани со 27:18.
Нашиот преставник со далеку поголеми амбиции замина на ова гостување, но очигледно домашните ракометарки беа далеку порасположени. Во првиот дел Дуделанж имаше предност од 12:10, додека во вториот дел Металург комплетно потврди и на крајот негативата беше цели 9 гола разлика.
Ракометарките на нашиот тим немаа решрение за извонредно расположената Џој Вирц која постигна 12 гола за преставникот на Луксембург. Во составот на Металург со 6 гола се истакна Ива Божиновска.
И реванш мечот Металург ќе го одигра на гостински терен и тоа веќе утре.