И Велковски стрелец: На Ријека малку и беа 3:0 со Динамо, на крајот спасуваше бод!

431

Одлично дерби во елитната лига на Хрватска. Ријека – Динамо во меч од 12.коло, на крајот 3:3. Значи дуелот меѓу македонските репрезентативни колеги, Дарко Велковски против Стефан Ристовски, заврши без победник.

Да кажеме дека по првиот дел домашниот состав водеше со 3:0, третиот гол за Ријека во таа 41.минута беше дело на Велковски.

Но во вториот дел работите и тоа како се променија. Иако без својот капитен и македонски репрезентативец Аријан Адеми, “модрите“ од Загреб одиграа навистина одлично и полека но сигурно ја топеа предноста на Ријека. Петковиќ во 58.и 65.минута намали на 3:2. Во 74.минута Оршиќ стрелаше за 3:3, но ВАР го поништи тој гол. Сепак 3:3 резултатот гласеше во 82.минута со голот на Андриќ.

Во тие моменти домашните не успеваа никако да го отргнат притисокот кој го наметна Динамо, па на крајот се спасуваа од пораз.

ПретходноМагдевски и Плоешти поразени во дебито, Рајковиќ победнички во ВТБ-лигата
СледноМеталург го збриша Радовиш за втора радост сезонава