И седми погодок: Неверојатниот Тричко!

150

Иван Тричковски продолжува да ги воодушевува сите на Кипар, посебно фановите на АЕК Ларнака. Македонецот одново денеска беше “главен“ во својот тим кој успеа да слави над тимот а Паек со 3:0. А Тричко одново беше стрелец, и тоа во 12.минута за 1:0. Тоа беше седми погодок на Иван Тричковски во шестиот меч во новата сезона во првенството на Кипар.Значи Тричко стрела на секој меч, на секој досегашен натпревар тој се впишува во листата на стрелците за својот АЕК Ларнака. Зарем треба да се каже кој е прв на листата на стрелците во тамошниот шампионат. Инаку ова беше вкупно 200.натпревар на Тричко во дресот на АЕК Ларнака.

Претходно“Лудница“ на “Кинг Пауер“, Сити рутински со Барнли!
СледноСкопје и Пролет само рутинска задача за Е.Пелистер и Вардар