Вардар попладнево обезбеди уште еден триумф на домашен терен откако го совлада Охрид со конечни 2:0. Тежок терен, бодови кои мора да се освојат, но Вардар денеска на рутина и на далеку поголем квалитет го совлада Охрид и остана во игра за она што е императив за најтрофејниот сезонава. Враќање во прва лига. Желба на сите навивачи на Вардар, пред се на „Комити“ кои денеска уште еднаш по којзнае кој пат покажаа колку го сакаат клубот.