Левандовски ќе побара трансфер, Манчестер Сити или Реал се неговата следна дестинација

160

Веќе е се посигурно дека Роберт Левандовски, сега веќе 33. годишниот напаѓач на тимот на Баерн Минхен, наскоро ќе има нов клуб. Тој во Минхен е долги години, освои се, достигна се, и очигледно дека и самиот играч има потреба од промена. Затоа, самиот најавил во одредени кругови од клубот дека ја игра последната сезона на „Алианц“ арената.

Од друга страна пак неговиот агент за Билд пред неколку дена изјави дека има сериозна опција Левандовски за замине во Манчестер Сити, а тука секако е и Реал Мадрид кој со години го им ЛЕвандовски како трансфер мета.
Е сега, проблемот на Реал е што тој сега има 33. години и што нивен приоритет попрво би биле Килијан Мбапе односно Ерлинг Халанд, играчи на кои ќе можат да сметаа цела деценија.

 

ПретходноНенадиќ ја посвети победата на Манасков!
СледноВугдејт: Ма каков Њукасл, големите играчи нема да сакаат да одат таму