Ливерпул го совлада Вотфорд во гости со 4:0 во 8. коло на англиската Премиер лига. Тоа е петта победа на четата на Јирген Клоп сезонава и сега имаат 18 бода и воедно ја прекинаа серијата од две ремија.
Садио Мане и Роберто Фирмино погодија во првото полувреме. Фирмино во 52. минута зголеми на 3:0, а само две минути подоцна Мохамед Салах со убав погодок зголеми на 4:0 (Осми меч по ред египетскиот голгетер ги тресе мрежите), а Фирмино заокружи хет-трик во 91 минута за конечни 5:0 за „Црвените“.
Со овој тежок пораз ја започна авантурата Клаудио Раниери на клупата на „стршените“.
Mo Salah – best in the world.😍 pic.twitter.com/pGCzYC7kcN
— Kloppholic (@Kloppholic) October 16, 2021