Магдевски и Плоешти поразени во дебито, Рајковиќ победнички во ВТБ-лигата

93

Андреј Магдевски и Плоешти го запишаа првиот пораз оваа сезона во романскиот шампионат. Серијата од три победи во низа за македонскиот репрезентативец и неговиот тим заврши на домашен терен. Плоешти беше поразен од Питешти во дербито на коло со 70-74.

Магдевски беше втор стрелец во редовите на својот тим со 15 поени и 7 асистенции, во игра мина нецели 30. минути за кои додаде три скока, исто толку загубени топки и две украдени.

Плоешти дуелот го загуби во второто полувреме, во кое противникот постигна 41 поен, додека Магдевски и неговите момци само 26.

Овој викенд беше победнички за Емил Рајковиќ, кој со неговиот Сатаров на домашен терен убедливо го совладаа Минск со 95-79 во 3. коло во ВТБ листата. Тимот на македонскиот стратег го запиша вториот триумф и со еден пораз е на седмата позиција.

ПретходноСедлоски:Дојдовме во Кавадарци по трите бода и ја остваривме целта!
СледноИ Велковски стрелец: На Ријека малку и беа 3:0 со Динамо, на крајот спасуваше бод!