Милан објави дека го продолжиле договорот со холандскиот крилен фудбалер Алексис Салесмекер до јуни 2026 година. 22-годишниот фудбалер пристигна меѓу „росонерите“ во јануари 2020 од Андерлехт, па после бавниот старт сега е стандарден играч. Од клубот се задоволни од него и затоа го продолжија договорот.
„Задоволен сум од тоа како се развиваат работите. Горд сум од тоа како напредував во Милан и што сум првотимец. Моето мото е: работа, напредок и победа“, изјави Салесмакер.