„Милионерите“ максимални на свој терен, Мајнц му стана редовен „пациент“ на Ројс (видео)

96

Екипата на Борусија Дортмунд ја продолжи победничката серија на домашен терен, а денеска ја запиша петтата победа пред своите навивачи. По триумфите над Ајнтрахт (5:2), Хофенхајм (3:2), Унион Берлин (4:2) и Аугзбург (2:1) денеска го совладаа Мајнц со 3:1.

Головите ги постигнаа Марко Ројс во првото полувреме и Ерлинг Халанд (два) во второто. За норвешкиот бомбардер тоа се првите првенствени голови против Мајнц во четвртиот дуел со нив. Од друга страна Ројс го постигна 14-тиот гол против Мајнц.

Ајнтрахт ја прекина серијата од шест бундеслигашки меча без пораз. Денеска тимот од Франкфурт на свој терен загуби од Херта со 1:2. А од друга страна берлинците ставија крај на нивната губитничка серија од два меча.

Рихтер на стартот на мечот и Екеленкамп стрелаа за Херта и ја донесоа третата победа.

РБ Лајпциг се уште чека на победа во гости. Денеска водеше во Фрајбург меѓутоа прими гол и одигра 1:1. Форсберг од пенал донесе предност за Лајпциг, а изедначи јужнокорејскиот напаѓач Џонг Ву-Јенг.

Унион со головите на Авонији и Бекер во второто полувреме славеше против Волфзбург со 2:0.

Бохум со 1:0 победи на гостувањето кај Гројтер Фурт.

ПретходноСупер потег: Серафимов му ја “скина“ мрежата на Ференцварош! (ВИДЕО)
Следно“Лудница“ на “Кинг Пауер“, Сити рутински со Барнли!