Ненадиќ ја посвети победата на Манасков!

940

Веспрем, еден од најдобрите ракометни клубови во Европа, пред два дена во Порто успеа да го победи истоимениот тим со 23-30 во Лигата на Шампионите. За домашните настапи голманот Никола Митревски, но кај победничката екипа го немаше Дејан Манасков кој пред извесно време се здоби со тешка повреда па така го чека долга, долга пауза од ракометните терени.

Дека Манасков е почитуван и респектиран во својот тим најдобро говори она што го направи неговиот клупски колега Петар Ненадиќ, српскиот интернационалец во Веспрем.

Тој на социјалните мрежи напиша дека победата на Веспрем над Порто, му ја посветува токму на нашиот Манасков, се разбира притоа посака Деки, неговиот голем пријател, што побргу да заздрави и да се врати во составот на Веспрем.

ПретходноДани Алвеш: Ако и требам на Барселона, на Ноу Камп ќе играм и бесплатно
СледноЛевандовски ќе побара трансфер, Манчестер Сити или Реал се неговата следна дестинација