Според информациите од САД, екипата на Орландо Меџик го „врзал“ 22-годишниот кошаркар Вендел Картер Џуниор со договор на четири сезона вреден 50 милиони долари. Картер требаше да влезе во последната сезона од договорот, а според претходниот добиваше годишна плата од речиси 7 милиони долари, а според новиот договор ќе заработува по 12,5 милиони долари по сезона.
Картер на 22 натпревари имаше просек од 11,7 поени, 8,8 скокови, додека во предсезоната имаше 12,5 поени и исто така 8,8 скокови.