Завршија сите мечеви од 10.коло во ПМФЛ. Супер дерби, одличен фудбал во Струмица и каква победа на Академија Пандев и тоа со 2:1 и тоа против Шкендија, и тоа со двата гола на перфектниот Мартин Мирчевски..
Тетовци имаа водство по првиот дел со мајсторискиот гол на Дориев. Во вториот дел имаа и шанси, и статива, но казната стигна во фиинишот кога Мирчевски двапати стрелаше за голема победа над шампионот.
Лидерот го “освои“ и Кавадарци, Шкупи на рутински начин го победи Тиквеш со 1:0, со голот на Руватубаје, па и натаму го држи тоа прво место на табелата.
Брегалница се истури против очајната Македонија ЃП. И овојпат брилијараше Марјан Алтипармаковски со два гола, Ескиќ и М. Стојанов постигнаа по еден за тие 4:1, додека Камара погоди за гостите.
Ренова со 2:0, со головите на Селмани и Шефити без проблеми го победи Пелистер, додека Струга ТЛ и Борец одиграа 1:1. Домашните имаа 1:0 имаа и играч повеќе но сепак на крајот освоија само бод.
Вчера Работнички на свој терен беше поразен од Скопје со 0:1.
РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО
СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ 1:1
(Цаке 9./Љума 82.)
А.ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 2:1
(Мирчевски 77., 87./Дориев 17.)
ТИКВЕШ – ШКУПИ 0:1
(/Руватубаје 30.)
РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 2:0
(Р. Селмани (п) 61., Шефити 72./)
БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4:1
(Ескиќ 16., Алтипармаковски 27.,80., М. Стојанов (п) 45./Камара 70.)
ВЧЕРА:
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0:1
(/М. Станковски (авт) 56.)
ГОЛОВИ ОД РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР