Познатиот Сенегалец завршил во багажник поради новинарите

238

Поранешниот сенегалски фудбалер Демба Ба (36) откри дека за време на трансферот во Вест Хем во 2011 година, морал да се скрие во багажникот на автомобил.

Лондонскиот тим договори со Хофенхајм за трансфер вреден три и пол милиони фунти и Демба Ба го гледаа како играч кој би можел да го спаси од испаѓање.

Ба открива дека неговиот трансфер бил во голема тајност и дека го возеле во багажникот за да не дознаат новинарите дека е на стадионот.

“Не сакаа новинарите да дознаат за трансферот и јас завршив во багажникот. Немаше премногу простор и ја удирав главата на секој агол”, вели Ба.

Тој го напушти Вест Хем по само неколку месеци и отиде во Њукасл,, а потоа играше за Челзи, Бешикташ, Шангај…кариерата ја заврши ова лето по неуспешната епизода во Лугано, Швајцарија.

ФОТО: Демба Ба/Твитер

ПретходноЦиципас се посрамоти на Индијан Велс
СледноВасоски пред дербито со Шкендија: Посакуваме А. Пандев да се врати на победничките патеки!