Полувреме: Мајсторија на Дориев, „сините“ си поигруваат со “лавовите“, Шкупи и Струга ТЛ со водство

493

Завршија првите полувремиња од петте средби од 10.коло во ПМФЛ. Шкендија со мајсторскиот гол на Дориев во 17.минута води против А. Пандев. Сепак напаѓачот на тетовци не се радуваше на голот, ако се знае дека тој некогаш го носеше дресот на “пандевци“.

Брегалница ја „толчи“ Македонија ЃП, води со 3:0 со головите на Ескиќ, Алтипармаковски и М. Стојанов од пенал. Шкупи со голот на Руватубаје води во Кавадарци, исто водство има и Струга ТЛ против Борец со голот на Клисман Цаке.

Нема голови само на мечот под Шара, Ренова и Пелистер играат 0:0.

ПретходноМилан потпиша нов договор со холандското крило
СледноЛиверпул го здроби Вотфорд, хет-трик на Фирмино, ремек-дело на Салах (видео)