Саботно-ракометно „лудило“ од Битола до Скопје

429

Денеска ќе се одигра комплетното седмо коло во Супер лигата, пред кое актуелниот македонски првак, Вардар 1961 е лидер на табелата со шест победи во исто толку одиграни натпревари.

По поразот во Лигата на шампиони од Монпеље дома, Веселин Вујовиќ и неговите момци рехабилитација ќе бараат против Пролет на гостински терен, дуелот е закажан со почеток во 17 часот.

Претходно Е.Пелистер го пречекува Скопје (15 часот), додека пак на остите дуели, Металург е домаќин на Радовиш (18 часот), половина час подоцна, Е.Пелистер 2 ќе ја бара шестата победа против Тиквеш дома. За терминот од 19 часот се закажани два дуели: Бутел со Охрид и Прилеп со Струга.

ПретходноРоналдо не се штеди за својата љубов: Џорџина доби подарок вреден 125.000 евра
СледноМурињо и Конор уживаат со чашка виски во заедничката дружба (ФОТО)