Четири натпревари од овој трет круг од натпреварите во Првата лига се на распоред на саботната програма, останатите два ќе се одиграат во понеделник поради настапот на МЗТ Скопје и Пелистер во АБА 2-лига.
Две екипи ќе бараат продолжување на победничката серија. Работнички му гостува на дебитантот Ангели, додека ТФТ игра дерби против Куманово.
Најтрофејниот ги има победите над Феникс и МЗТ Скопје 2, додека пак ТФТ над Еуро Никел и Кожув.
„Сакам да одиграме подобро во однос на оние први два натпревари на кои не игравме како што посакувам, но победивме. Не смее да нè залажува тоа што екипата на Ангели има два порази. Мора да имаме вистински пристап кон обврските кои со себе ги носи секој нареден натпревар. Ангели се следната наша цел, одиме да победиме, но и да го покачиме нивото на игра“, изјави Симиќ, пред мечот.
Интересно ќе биде во Гевгелија каде Кожув го пречекува Еуро Никел.
„Не одигравме како што треба на претходните натпревари. Се надевам дека ќе бидеме подобри на оваа средба против екипа која направи неколку измени во текот на летото, но не го смени оној фајтерски стил на игра кој го негува тренерот Петровиќ. Мора да поченеме да победуваме, особено на домашен терен. Имавме проблеми во тренажниот процес, се надевам дека ќе се издигнеме, и дека ќе триумфираме“– вели младиот тренер на екипата од Гевгелија, Павле Николов.
МЗТ Скопје 2 го пречекува пак Гостивар, избраниците на Перо Блажевски ќе чекаат шанса за сензација.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ
ДВОЈКИ 3. КОЛО
САБОТА:
18.00: МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ГОСТИВАР
СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
18.00: РАБОТНИЧКИ – АНГЕЛИ
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
19.00: КУМАНОВО 2009 – ТФТ
Сала „Перо Наков“ – Куманово
19.00: КОЖУВ – НАВИКО АКАДЕМИЈА ФМП
Сала „26.април“ – Гевгелија
ПОНЕДЕЛНИК:
11.30: ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 2010
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
18.00: ЕУРО НИКЕЛ 2005 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ (МРТ)
Сала „Јасмин“ – Кавадарци