Чилвел го остави Челзи на врвот во Премиер лигата (ВИДЕО)

82

Во последниот саботен натпревар од 8. коло во Премиер лигата, Челзи успеа со 1:0 да слави на гостувањето кај Брентфорд и да остане на првото место на табелата и по ова коло.

Избраниците на Томас Тухел славеа со единствениот гол кој го постигна бекот Бен Чилвел.

Во 22. минута, Челзи постигна гол, но погодокот на Ромелу Лукаку беше поништен поради офсајд.

Сепак, гостите заминуваат на одмор со гол предност. Чилвел не се двоумеше кога стигна до топката и постигна одличен гол во 45. минута.

Двата тима имаа по една добра шанса во второто полувреме, но резултатот до крајот остана непроменет.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноВо драматична завршница Бутел го доби дербито со Охрид, Прилеп подобар од Струга
СледноДуделанж го прегази Металург во првиот меч од 2. коло на Европскиот куп