Блажевски и Грозданоски за триумф на Вардар

334

Екипата на Вардар на домашен терен попладнево во далеку подоминантна и поквалитетна игра од противникот со 2:0 го совлада тимот на Охрид. Творци на оваа значајна победа на Вардар се Дејан Блажевски односни Дарко Грозданоски, а доколку Вардар ги искористеше шансите, уште во првиот дел победата ќе беше побезбедена уште на полувреме.

Првиот дел Вардар започна офанзивно со висок пресин на противнчката половина што резултираше со неколку ситуации пред противничкиот гол. Најважниот момент секако во 22. Минута Дејан Блажевски прими топка на левата страна, мина двајца играчи, и биеше силно и прецизно во долниот лев голманов агол. Водство на Вардар со кое домашните полесно функционираа.

На спротивната страна одлично изведен слободен удар од околу 25 метри но Илиќ прекрасно интервенира иако топкатѕа се одби од калливиот терен непосредно пред него.

Вардар својата нова шанса овојпат за двојнов додство ја имаше преку Филип Петковски кој на асистенција на Блажевски со глава  биеше неодбранливо, но само во десниот дирек на голот на Охрид. Последната ситуација во првиот дел вредна за споменување е црвениот картон за Трпески кој ја загуби топката како последен играч од Костовски, го собори, и нормално заработи втор жолт картон и исклучување пред полувреме.

Во вториот дел Вардар со играч повеќе продолжи да биде доминантен и да создава шанси пред противничкиот гол. Блажевски се обиде, исто како и Петковски за да по една мешаница и корнер ситуација резервистот Грозданоски на втора погоди и ги постави конечните 2:0.

Вардар – Охрид 2:0 (1:0)

Стадион Борис Трајковски

Гледачи:400

Главен судија: Јосип Бартон Помошници:  Дарко Јовчевски, Идриз Идиризи

Стрелци: Блажевски 22, Грозданоски 75 (В)

Жкартони: Глишиќ (В) Аљиу, Трпчевски (О)

Ц.картон: Трпчевски (О)

Вардар: Илиќ, Глишиќ, Керим (Љамчевски 66), Николов (Велковски 80), Петковски, Блажевски (Ѓоргиевски 80), Стојанов, Мишковски, Костовски, Велковски

Охрид: Симоновски, Цуцули, Марковски, Клечкароски, Кочоски, Адили, МАзари, Пановски, Дончев, Трпчевски, Аљиу

 

 

 

ПретходноПМФЛ: Супер пресврт на “пандевци“, Шкупи го “освои“ Кавадарци, блесок на штипјани… (ВИДЕО)
СледноВМФЛ – ЗАПАД: Воска го “згази“ Кадино, прво реми на Силекс, Вардар со нов триумф, 3:3 во Дебар…