„Вардарки“ триумфално се вратија на евро-сцената

197

Ракометарките на Вардар со предност од четири гола се враќаат од Косово во првиот меч со Приштина во Европскиот куп. Денеска „вардарки“ обезбедија триумф на гстувањето против Приштина од 39:35.

Победата е добар знак пред реваншот во Скопје, во кој Вардар може да го потврди пласманот во следната рунда. „Црвено-црните“ девојки имаа одличен резултат уште на полувреме (16:15), а предноста ја надоградија со одлична игра во вториот дел.

Трпевска, Диневска и Дамјаноска со по 7 постигнати гола беа лидери во победата на Вардар, која беше прва по враќањето ан европската сцена по пауза од неколку години.

ПретходноЛацио му го нанесе првиот пораз на шампионот Интер (ВИДЕО)
СледноВо драматична завршница Бутел го доби дербито со Охрид, Прилеп подобар од Струга