Одлично дерби во елитната лига на Хрватска. Ријека – Динамо во меч од 12.коло, на крајот 3:3. Значи дуелот меѓу македонските репрезентативни колеги, Дарко Велковски против Стефан Ристовски, заврши без победник.
Да кажеме дека по првиот дел домашниот состав водеше со 3:0, третиот гол за Ријека во таа 41.минута беше дело на Велковски.
Но во вториот дел работите и тоа како се променија. Иако без својот капитен и македонски репрезентативец Аријан Адеми, “модрите“ од Загреб одиграа навистина одлично и полека но сигурно ја топеа предноста на Ријека. Петковиќ во 58.и 65.минута намали на 3:2. Во 74.минута Оршиќ стрелаше за 3:3, но ВАР го поништи тој гол. Сепак 3:3 резултатот гласеше во 82.минута со голот на Андриќ.
Во тие моменти домашните не успеваа никако да го отргнат притисокот кој го наметна Динамо, па на крајот се спасуваа од пораз.