Лазаров и Нант им се вратија на победите

98

Кирил Лазаров и Нант се вратија на победничките партии по поразот од Лимож во минатото коло. Тимот на нашиот најдобар ракометар и селектор на македонската репрезентација на гостувањето кај Тулуз славеше со во меч од 6. коло.

Нант го запиша третиот тиумф, има едно реми и два порази. Домашниот состав беше рамноправен противник во поголем дел од првото полувреме, во кое гостите пред самиот крај се изборија за водство од 14-19 на одоморот. Во продолжение Нант немаше проблеми, противникот успеа само да се доближи на два гола негатива, но не и да се закани посериозно.

Лазаров мечот го заврши со еден гол од два обиди, Мине со седум погодоци беше прв стрелец.

ПретходноФаик Весели освои бронза на БП во карате во Пореч
СледноЉафтов повторно поразен, Ѓорѓиев најдобар во третата победа на АХЦ Волеј