Со неверојатно второ полувреме, Лацио успеа да му го нанесе првиот пораз на актуелниот шампион Интер во италијанската Серија А. На дербито на „Олимпико“ во Рим, „лацијалите“ обезбедија победа од 3:1 со која стигнаа до четвртата победа сеознава и се искачија на петтото место на табелата.
Интер одлично го отвори мечот по само 12 минути игра доби пенал. Перишиќ биеше прецизно и го донесе тимот на „нероаѕурите“ во водство од 1:0.
Имобиле, Милинковиќ-Савиќ и Андерсон донесоа еден нов Лацио во вторите 45 минути и со три ефектни погодоци му пресудија на шампионот.
Standings provided by SofaScore LiveScore