Така е тоа во Премиер – лигата. Каков меч од 8.коло попладнево во Лестер.
Каква фудбалска претстава на “Кинг Пауер“. Лестер и Манчестер Јунајтед одиграа неверојатен меч во кој на крајот „лисиците“ со 4:2 славеа против Роналдо и дружината. Фудбалски уживање. Вистинска “ЛУДНИЦА“…
По првиот дел беше 1:1, но и двата тима не беа задоволни со бод, се играше отворено, без пардон.
Па така Сојнчу во 78.минута му донесе водство на Лестер, за да Рашфорд четири минути покасно израмни на 2:2. Домашнуите само што тргнаа од центарот, не минаа ниту 50 секунди, преку Варди одново дојдоа во водство, сега со 3:2. Печтат на овој меч стави Дака во судиското продолжение за конечни 4:2.
Манчестер Сити со головите на Силва и Де Брујне успеа без проблеми да го победи Барнли со 2:0. Норвич и Брајтон одиграа без голови, Саутемптон го победи Лидс со 1:0.
И на крај во попладневната програма Вулфси со гол во 90+5. минута успеаја да ја победат Астон Вила со 3:2 на нејзин терен.