Екипата на Металург дојде до втората победа сезонава во Супер-лигата. Тимот од Автокоманда на домашен терен го совлада Радовиш со 30-19 во рамките на седмото коло.
Во составот на домашниот тим се врати хрватскиот интернационален, Златко Хорват, кој поради повреда не настапи против Вардар во минатото коло. Средбата ја заврши со седум гола, еден помалку имаше Озтурк. Во редовите на гостинскиот тим, Органџиев имаше шест погодоци.
Ракометарите на Металург отворија со 7-3, најголемата предност во првото полувреме беше пет гола (10-5) и 12-9 на одморот. Во продолжение избраниците на Иван Марковски продолжија во силен ритам, дојдоа до двоцифрени 21-11, до крајот лесно го приведоа мечот.
За Радовиш ова беше шестти пораз сезонава, има една победа.