Е.Пелистер и Вардар 1961 продолжија во победнички ритам и по седмото коло во Супер-лигата.
Битолчани на домашен терен го совладаа Скопје со убедливи 38-12 (17-5) и ја запишаа шестата победа. Овој дуел беше решен на самиот старт, домаќинот поведе со 13-3 и до крај немаше тешка задача. Јосип Периќ доби слободен викенд, а играта ја организираше Табоада. Божиќ Павлетиќ постигна 7 гола, Василевски имаше три гола на другата страна.
За екипата на Жељко Бабиќ ова беше подготовка за мечот со Ним во Европската лига.
Вардар 1961 се рехабилитираше по поразот од Монпеље, без проблем го совлада Пролет со 26-35 (12-18) и остана без пораз по седмото коло. Актуелниот македонски првак поведе со 4-9, на одморот имаше позитива од 12-18. Во вториот дел Пролет немаше шанса да приреди пресврт.
Џукиќ, Дибиров, Валчак, Оливие Њокас и Мишевски имаа по четири гола, кај домаќинот Џонов имаше 7 гола.