Алегри со голема почит кон Мурињо

313

Дербито на осмото коло во Серија А ќе се одигра вечерва со почеток во 20:45 часот, се среќаваат  меѓу Јувентус и Рома.

Тимот од Торино успеа да врзе три победи во низа и да се врати во горниот дел на табелата, но и натаму е на минус десет бода зад Наполи. Јувентус има четири бода помалку и од Рома, која е на четвртото место на табелата.

„Старата дама„ нема да има лесна задача, за тоа доволно свесен е Алегри.

„Мурињо е тренер кого го почитувам. Се работи за неговиот карактер. Од време на време го прави она што го работеше во Јунајтед пред неколку години. Задоволен сум што еден тренер како него се врати во Италија

Дуелот меѓу Јуве и Рома секогаш било големо дерби, кое често пати околу себе влече контроверзии. Сега Рома го имаат Мурињо, кој им даде карактер. Во моментов се пред нас на табелата и затоа мора да освојуваме бодови за да не заостануваме зад најдобрите“, изјави Алегри.

ПретходноПријателка на Ванда е љубовницата на Икарди
СледноБензема: Го нема Меси? За мене се остана исто!