Екс-играч на Реал и Дортмунд ја заврши кариерата

351

Поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Реал Мадрид и Ливерпул Нури Сахин објави крај на фудбалската кариера без разлика на тоа што пред еден месец наполни 33 години. Тој неодамна беше назначен за играч-тренер на турскиот Анталијаспор, но процени дека е подобро да се сконцентрира на тренерската кариера.

„Нема повеќе да играм фудбал“, изјави Сахин.

На Сахин му е понуден петгодишен договор да го замени Ерсун Јанал и да одбере дали ќе продолжи да игра. Тој одлучил да биде тренер и да се обиде да го извлече клубот што е можно погоре во Суперлигата. Моментално е на 14. место со само осум поени од осум натпревари.

Сахин исто така играше за Феенорд и Вердер и има преку 50 настапи за Турција. Во Анталијаспор пристигна во 2020 година.

ПретходноЕдинствениот англиски тим со 3+ голови на 7 меча по ред во гости!
СледноЛудо во Леверкузен: Баерн за само 37. минути поведе со 5:0! (видео)