Металург со пирова победа на вториот меч кај Дуделанж

170

Ракометарките на Металург сериозно ја поправија играта на вториот меч од ЕХФ Европскиот куп на гостувањето кај Дуделанж, победија, но не успеаја да ја минат оваа фаза. По поразот на првиот натпревар од 18:27, денешниот триумф на Металург со 22:19 беше доволен само за пирова победа.

Ракометарките на Металург одиграа многу подобар меч од оној вчера и заслужено славеа. Одлични во составот на нашиот тим беа Младеновска со 9 и голманката Илјаз која имаше 12 одбрани, од кои 3 седмерци.

ПретходноЕлмас асистира, Осимен погодува: Наполи продолжува со 100% ефект во Серија А (ВИДЕО)
СледноПадна уште една глава во Серија А: Салернитана го отпушти Кастори