Падна уште една глава во Серија А: Салернитана го отпушти Кастори

183

Уште еден отказ во Серија А. Денеска новајлијата во елитата, Салернитана го отпушти тренерот Фабрицио Кастори поради слабите резултати. Како што објави клубот, 67-годишниот специјалист го предводеше тимот до само една победа во осум натпревари оваа сезона во Серија А, а по саботниот пораз кај Специја, јасно беше дека ќе дојде до тренерска промена.

Салернитана, која е дебитант во елитата, досега има само 4 освоени бода. Фабрицио Кастори е третиот тренер што доби отказ за време на тековниот шампионат во Италија.

ПретходноМеталург со пирова победа на вториот меч кај Дуделанж
СледноНевидено: Го тресна соиграчот од земја, затоа што поради него примија гол (ВИДЕО)