Регулон: Му реков на судијата да прекинеме, навивачот падна и му требаше помош

511

Фудбалерот на Тотенхем, Серхио Регулон изјави дека бил крајно нервозен кога видел дека на еден навивач му се слошило за време на натпреварот против Њукасл.

Дуелот беше во прекин пред крајот на полувремето, бидејќи на еден навивач му беше потребна лекарска помош. Шпанецот во дресот на Тотенхем веднаш го извести судијата на натпреварот, додека Ерик Даер истрча до клупата и се погрижи навивачот веднаш да добие помош.

„Видов како еден дечко лежи. Бев нервозен, отидов кај судијата и му реков дека не можеме да продолжиме да играме, дека натпреварот треба да се прекине. Навивачите ни рекоа да престанеме“, изјави по мечот Регулон.

Според последните информации, навивачот се освестил во болницата и комуницирал со докторите.

ПретходноБарселона со пресврт до победа над Валенсија во дербито на Ла Лига (ВИДЕО)
СледноТрагедија во Италија: Кошаркар колабираше на терен, почина во болница!