Вчера во дербито во Премиер – лигата, во фантастичен меч, Лестер со 4:2 го победи Манчестер Јунајтед. Навистина беше возбудливо, а еден од виновниците за поразот на Јунајтед беше и Хари Мегваер, стоперот кој имаше и повеќе од лош ден. Имено тој беше виновен за третиот гол на Лестер, а она што се случи, односно неговата реакција на голот на Дака за 4:2, се граничи со смешни видео инсерти.
Токму затоа фановите на Јунајтед се гневни на Мегваер, и со право прашуваат зарем овој вреди 80 милиони фунти, сума која клубот при трансферот пред две години токму од Лестер.
What £80m gets you in the Premier League 🌚🌚🌚 pic.twitter.com/dWeWalHqxX
— zaakirah 🇵🇸🇵🇸 (@zaiku09) October 16, 2021