Екипата на Аугзбург не успеа да обезбеди полн плен на домашен терен во дуелот со Арминија Билефелд и одигра само 1:1 во рамките од вториот и воедно последен дуел од Буднделигашката програма денеска.
Домаќините иако поведоа преку голот на Окфорд во 19. минута сепак не успеаа да издржат до крај затоа што примија гол во многу незгоден момент. Во 77.минута гостите преку Лаурсен успеаа да израмнат, а немаше очигледно време ниту една од екипите да дојде до трите бода.
Со ова ниту Аугзбург ниту Арминија, не успаа да излезат од зоната за испаѓање и може слободно да се каже дека и двете екипи ги чека тешка битка за опстанок до крајот на сезоната.