Единствениот англиски тим со 3+ голови на 7 меча по ред во гости!

168

СЛИКА: Twitter/Premier League

Ливерпул вчера го совлада Вотфорд со 5:0 на гостински терен и тоа благодарение на расположеното напаѓачко трио Фирмино-Салах-Мане. Мане и Салах постигнаа по еден гол, а Фирмино комплетираше хет-трик.

Со тоа „црвените“ остварија и рекорд на клупско ниво. Имено ниту една англиска екипа не реализирала 3+ голови на 7 гостински натпревари по ред. Тоа му успеа на Ливерпул.

Серијата почна на крајот на сезоната 2020/21 со победата над Барнли со три постигнати гола, потоа го победија Норич (два пати по три гола), Лидс (три гола), Брентфорд (три гола), Порто (пет) и Вотфорд (пет) и само еден од тие натпревари не завршил со триумф на четата на Јирген Клоп. Најефикасен во таа серија е Фирмино со седум погодоци, следува Салах со шест голови, Мане има три, Минамино два…

Севкупно Ливерпул постигнал 25 гола и примил само четири. Тоа е импресивен ефект за екипата од Енфилд.

ПретходноМу се качи на грб на противничкиот играч и доби црвен картон (видео)
СледноЕкс-играч на Реал и Дортмунд ја заврши кариерата