Знаете ли каде играше Варди кога Роналдо во 2003 дебитираше за Јунајтед?

1137

Се уште ширум фудбалскиот свет се коментираат настаните од вчерашното дерби во Премиер – лигата меѓу Лестер и Манчестер Јунајтед, кое го добија “лисиците“ со 4:2. И додека Џејми Варди блескаше во дресот на Лестерм на спротивната страна Кристијано Роналдо немаше свој ден. И тој се вклопи во сивилото на целиот тим на Олег Гунар Солскјер.

Токму затоа медиумите на Островот излегоа со интересен податок. Имено пронајдоа фото од Џејми Варди кое датира од 2003 година, се разбира со прашање дали знаете каде играше Варди во тој момент кога Роналдо го имаше својот прв настап во дресот на Јунајтед?

Одговорот е дека Варди тогаш бил фудбалер на аматерскиот клуб Стоксбриџ Парк Стилс. Навистина интересно. Во тие моменти Варди ни во сон не можел да помисли дека подоцна ќе направи врвна кариера и дека после 18 години ќе го победи Роналдо со 4:2 во дербито на најсилната лига во светот.

ПретходноМоника Селеш се обиде да се „камуфлира“, но… (ВИДЕО)
СледноЦиципас повторно предизвика бура: Тенисерите се неблагодарни