Откако вчера, по поразот од Брегалница со 1:4, раководството на Македонија ЃП му врачи отказ на тренерот Александар Таневски, сега клубот е во потрага по ново име. Еден од најсериозните кандидати за наследник на Таневски, е Муарем Бајрами кој досега му беше прв помошник на досегашниот шеф на струката.
Познато е дека Бајрами пред нешто повеќе од една година прво беше играч – тренер во Шкупи, а потоа и тренер, и со чаирчани имаше добри резултати. А во Ѓорче дојде пред два месеци со цел да го засили стручниот штаб.
Се разбира дека “лавовите“ мора брзо реагираат. Веќе во среда играа куп натпревар со Академија Пандев во Струмица, а следниот викенд во меч од 11.коло во ПМФЛ играат дома против Струга Трим Лум.