Мурињо сака во Рома да донесе млад играч на Барселона

163

Тренерот на Рома Жозе Мурињо е заинтересиран во редовите на „волчицата“ да го донесе Рики Пуч од Барселона, пишува „Диарио Спорт“. Талентираниот халф не добива шанса за игра оваа сезона, па римскиот клуб ќе се обиде да го донесе на позајмица и притоа да му понудат поголема минутажа од сегашната.

Две лета по ред 22-годишниот играч одбива да го напушти „Ноу Камп“ и избира да се бори за место во тимот. Но со појавата на Гави на сцената, Пуч повторно е на клупата и тоа може да го поттикне да си ја побара среќата подалеку од Барселона.

Инаку тој има договор со Барселона до 1 јули 2023 година.

ПретходноА требаше да биде дерби… Баерн го уништи Баер на негов терен
СледноСловачкото дерби прекинато, Ристовски и Спартак во соблекувалната