Невидено: Го тресна соиграчот од земја, затоа што поради него примија гол (ВИДЕО)

1527

Голманот на северноирскиот прволигаш Гленторан, Арон Мекери нападна свој соиграч на саботниот меч против Колерејн во тамошниот шампионат, откако прими гол на десет минути пред крајот на натпреварот за израмнување на 2:2.

Нервозниот Мекери истрча кон својот тимски колега Боби Барнс, го фати за вратот и го турна на земја, потоа се обиде да го крене влечејќи го за јаката на дресот.

„Никогаш не сум видел нешто слично“, изјави легендата на клубот, Пол Лиман.

Тренерот на Гленторан, Мик Мекдермот по натпреварот потврди дека имало дискусија меѓу играчите.

„Двајцата се разочарани од она што се случи“, рекол тренерот.

ПретходноПадна уште една глава во Серија А: Салернитана го отпушти Кастори
СледноЃорѓи Ѓорѓиев со прв трофеј во Хебар, го освои Суперкупот на Бугарија