Не им се брза: Њукасл во јануари ќе потроши само 60 милиони евра!

383

Откако принцот на С. Арабија, пребогатиот Мохамед бин Салман го купи Њукасл, веднаш почнаа шпекулациите околу тој кој ќе биде новиот тренер и колку милијарди ќе “фрли“ да ги купи најдобрите фудбалери во светот.

Сепак на Бин Салман, но и на сите во новото раководство на Њукасл, не им се брза. Имено тие, како што пренесуваат медиумите од Островот, за јануарскиот преоден рок спремиле “само “ 60 милиони евра од предвидените 225 миллиони за засилувања.

Ќе се чека летниот преоден рок, нема да се дозволи да се купуваат играчи со набиени цени, едноставно Бин Салман си имал своја математика.

Факт е дека Њукасл во блиска иднина ќе биде еден од најмоќните клубови во Премиер – лигат и во Европа, но некои работи нема да се одвиваат така брзо како што очекуваат фановите на овој клуб.

ПретходноСпецијалитетот на Манчини – „ZUPPA INGLESE“, Италијанците ги “боцкаат“ Англичаните! (ВИДЕО)
СледноМу се качи на грб на противничкиот играч и доби црвен картон (видео)